Чулев: Настанот во Струга очигледно не бил добро организиран, ќе има истрага

Настанот во Струга очигледно не бил добро организиран и во текот на утрешниот ден ќе спроведеме истрага, е коментарот на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во гостувањето на ТВ Алфа.  

„За литијата во Струга во текот на утрешниот ден ќе постапиме согласно полициските процедури да видиме кои се пропустите што се направени од страна на полициските службеници во Струга и во СВР Охрид. Имавме вакви случаи во Сингелиќ и Гевгелија, не е прв случај, генерално граѓаните ги почитуваат мерките, но се работи за важен верски настан којшто не е добро организиран очигледно. Како МВР ќе извршиме препознавање и доколку е неопходно ќе биде санкинирано“, изјави Чулев.

Во однос на барањата од СДСМ за оставка, Чулев вели дека е мета на организиран напад од партиските пи-ар служби со цел негова лична и професионална дискредитација.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе