Чулев најави дека ќе бара помош од војската за запирање на влезот на мигранти

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев покрај полициското засилување, ќе побара помош и од војската за запирање на влезот на мигранти во нашата земја преку планината Беласица.

„Јас имам намера да разговарам со Министерството за одбрана, односно со Армијата, со цел зголемување на бројот на армиски припадници во овој дел од граничното подрачје“, рече министерот Чулев во Струмица, одговарајќи на новинарско прашање што ќе се преземе по секојдневните илегални преминувања на јужната граница од страна на мигрантите.

На прашањето дали некој ќе понесе одговорност што за неполн месец во Струмица се случија три тешки сообраќајни несреќи, во кои загина еден недолжен граѓанин, а голем број мигранти се повредени, Чулев рече:

„Делот на полициската контрола на границата е во ингеренции на Регионалниот центар Исток, но и на Регионалниот центар Југ. Така е поставена границата на ова подрачје. Доколку таму не се запрат, тогаш тие доаѓаат на територија на СВР-Струмица. Значи, ние ги преземаме сите мерки и активности за нивно спречување и на дневна база токму на планината Беласица постојано се враќаат големи групи на мигранти на грчка територија“. Но, кога ќе се вратат на грчка територија, пак, речиси истите мигранти повторно влегуваат по други илегални патишта и потоа дел од нив, оние коишто успеваат се пречекуваат на подножјето на планината Беласица од лидери на криминални структури, кои подоцна со патнички моторни возила ги пренесуваат на северната граница.

„Имавме две-три сообраќајни несреќи во коишто имаше пренесувано мигранти. Значи, се работи за сообраќајни несреќи кои се расветлени, но дел од транспортерите не се фатени. Секторите за внатрешни работи Струмица и Штип преземаат оперативно активности во оваа насока за идентификување и пронаоѓање и мислам дека веќе има напредни оперативни сознанија за нивно идентификување и нормално е дека ќе биде покрената кривична одговорност за нив“, изјави Чулев.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе