Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие се извршени 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.
„На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани две лица кои не ги почитувале овие мерки“, пишува Чулев.
Тој уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички, како што напиша, „да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала“.