Чулев на ФБ: Досега има вкупно 27.326 прекршоци за неносење заштитна маска

Од страна на полициските службеници досега се констатирани вкупно 27.326 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 444 прекршоци во изминатото деноноќие, објави денеска на Фејсбук министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие се извршени 99 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на Владата.

„На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани две лица кои не ги почитувале овие мерки“, пишува Чулев.

Тој уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички, како што напиша, „да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала“.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе