По вчерашното објавување на видео снимка

Чулев: MВР постапува во однос на случајот со делењето пакети во Струмица

За објавените видео материјали на социјалните мрежи од делење на хуманитарни пакети од страна на активисти на СДСМ информирано Основното јавно обвинителство во Струмица и МВР има добиено соодветна дозвола за натамошно постапување во случајот. Доколку од примателите на хуманиратна помош се утврди дека била барана противуслуга, давателите ќе одговараат за поткуп, а учесниците во настанот ќе одговараат и за непочитувањето на владините мерки, изјави Наќе Ќулев, министерот за внатрешни работи.

„Во текот на вчерашниот ден беа објавени видео материјали на кои што се гледаше делење на таканаречени хуманитарни пакети со храна на социјално ранливи категории и од страна на МВР веднаш беше извршена идентификација на лицата кои се даватели, меѓутоа и приматели на хуманитарните пакети. Беше информирано и доставено соодветно известување до Основното јавно обвинителство во Струмица, и беше добиена дозвола за постапување на полиција во овој случај. Во оваа насока, во текот на наредните денови од страна на секторот за внатрешни работи во Струмица ќе бидат преземени соодветни мерки и активности во насока на утврдување за тоа дали постои соодветна валидна документација за делењето на донацијата, кој е давателот на донацијата“, рече тој и додаде дека ќе се утврдува врз основа на кои критериуми е дадена донацијата и дали од примателите на донацијата се барани соодветни противуслуги.

„Во однос на оние лица кои учествувале на овој настан, а врз основа на видеоматеријалите е утврдено дека не ги почитувале одлуките на Владата во однос на држење физичка дистанца, во однос на групирање и неносење на заштитана лична опрема, ќе бидат преземени соодветни активности и тие ќе бидат санкционирани“, вели Чулев.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе