Министерот за внатрешни работи на прес-конференција

Чулев ја обвини АНБ за злоупотреба, незаконски ја задржала техничката можност да прислушува

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес-конференција обвини дека поранешната УБК, а сега Агенција за национална безбедност (АНБ) ја задржала техничката можност за следење на комуникациите, што според него е прекршување на законите и препораките на Прибе. 

Министерот рече дека нема информација дали АНБ во моментов врши незаконско прислушување, но побара од Јавното обвинителство по допрен глас да истражи кој е одговорен и зошто две години не е воспоставена директна техничка комуникација меѓу Министерството за внатрешни работи и Оперативно-техничката агенција.

„Констатирано е фрапантно кршење на законите – поранешната УБК, а сега АНБ, сѐ уште ја има задржано посредничката улога, во системот за следење на комуникациите, што во суштина значи дека сѐ уште постои техничка можност АНБ да има увид во следењето на комуникациите кои се спроведуваат за потребите на кривичните истраги спроведувани и во надлежност на МВР", изјави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе