Чулев ги посети полицајците на граничниот премин Богородица

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска бил на граничниот премин Богородица на средба со раководството и полицајците.

„Денес бев на граничниот премин Богородица каде се сретнав со раководството и ги посетив полициските службеници кои изминатиот период неуморно и посветено работеа за камионскиот транспорт да не запре, да не се затворат маркетите и граѓаните да ги имаат сите потребни продукти за нормално функционирање на животот. Со својот труд, ангажман и посветеност тука и на сите други премини униформираната полиција го даде својот придонес пандемијата да нема влијание врз реалниот живот“, напиша Чулев на Фејсбук.

Тој им се заблагодари за ангажманот и посветеноста за сите вработени во МВР, како и на професионалните возачи за исклучителниот ангажман во надминување на оваа состојба.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе