МВР

Чулев: Да ги почитуваме мерките и наскоро животот да се врати во нормала

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба и ги посети полициските службеници кои се распоредени на полициските пунктови во околината на Тетово и Гостивар. На средбата министерот Чулев беше запознаен со активностите кои се преземаат за контрола на мерките и одлуките на Владата, со посебен акцент на одлуката која е на сила, а се однесува на ограничување на движењето на време на продолжениот празничен викенд.

 „Денес граѓаните празнуваат два големи и значајни празници, еден верски и еден државен. Тука сум пред сѐ на колегите, а потоа и на сите граѓани да им ги честитам двата празници. Соработката, меѓусебната доверба и почитување се основата на која се темели полициското постапување и полициската работа и токму на вакви значајни и важни денови добро е уште еднаш да се потсетиме на вредностите кои му даваат смисла на живеењето, а општеството го прават средина во која секој го добива местото што го заслужува“, истакна Чулев.
Министерот Чулев уште еднаш се заблагодари на полициските службеници и на сите граѓани кои и во деновите за празнување покажуваат исклучително високо ниво на меѓусебна почит, но и ги почитуваат одлуките и мерките кои се донесени од страна на Владата, а имаат за цел превенција од коронавирусот.


„Времето во кое живееме и предизвикот со кој се соочуваме секојдневно не потсетуваат дека битките кои ги водиме во професионалниот и приватниот живот не познаваат етничка, национална, професионална или каква било припадност, а тоа е уште еден доказ и потврда дека соработката и сплотеноста е единствениот начин преку кој можеме да ја постигнеме и оствариме оваа цел. Мостовите на соживот кои ние заеднички ги градиме денес, се основата по која ќе чекорат идните генерации“, потенцираше Чулев.
Министерот Чулев на крајот упати апел до граѓаните да останат во своите домови за време на ограничувањето на движењето овие неколку дена, да ги почитуваат мерките за користење заштитна опрема и изрази искрена надеж дека многу наскоро животот и секојдевните обврски ќе се вратат во нормала.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе