Неразјаснет скандал

Човек од кабинетот на министерот Горан Милевски го следел новинарот Героски

Откако Основното јавно обвинителство до денеска не излезе со детали за пријавата на новинарот Бранко Героски за негово следење, тој денеска на Плусинфо објавува дека за овој скандал има изјава од министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Во изјава пред министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Милевски потврдил дека човек од неговиот кабинет ги следел него и Героски. Врз основа на оваа изјава МВР поднело и службена белешка до Јавното обвинителство. Оваа пријава е во фаза на барање на ЈО од МВР на некои дополнителни документи.

Обвинителството ги чека од МВР доказите за следењето на новинарот Героски. Тој смета дека ова следење следува по неговите текстови за скандалите со случаите Рекет и Рекет 1. Од ОЈО велат дека се работи на овој предмет, но се чекаат доказите за кои е издадена наредба до МВР, по која уште се постапува.

Останува нејасно по чиј налог човекот од непосредната близина Милевски го следел Героски.

Од текстот на Героски произлегува дека за овој скандал уште од самиот почеток биле запознати премиерот Зоран Заев, министерот Спасовски и тројца странски дипломати.

Заев и Спасовски го уверувале Героски дека тие воопшто не се поврзани со евентуална наредба за негово следење. Спасовски рекол дека не знае дали ова некој од неговото министерство го правел на своја рака. 

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе