Една година во Алијансата

„Членството во НАТО - најголемото достигнување во нашата историја како независна држава“

Оваа генерација македонски граѓани знаеше дека единствениот вистински начин да се одолжиш на своите претци за нивните историски и исправни одлуки е да ја покажеш истата храброст и мудрост тогаш кога ќе ги биеш новите битки, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

„Членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме. Членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и безбедност. Безбедност која нуди шанса за просперитет,која значи посакуваност на инвестициската авторитет и меѓуанроден углед“, рече Шекеринска.

Таа нагласи дека до пред членството во НАТО бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на Алијансата, што е навистина голем успех.

„Членството во НАТО беше наша битка и ја добивме. Но, некои понесоа поголем товар од останатите и затоа сме токму тука во касарната ‘Илинден‘ да ја одбележиме првата годишнина од НАТО членство“, додаде Шекринска.

Според неа, целосната воена интегрција во НАТО значи дека ќе бидеме подбори но не само заради Алијасната, туку пред се заради нас.

На свеченостаб се обрати и премиерот Зоран Заев.

„Ако со еден збор треба да го опишам денешниот настан со кој го славиме членството на Северна Македонија во НАТО – тогаш тој збор е успеавме. Успеавме затоа што членството во НАТО е најголемиот придонес за нашата безбедност и стабилност. Тоа е најсилната гаранција за заштита на територијалниот интегритет и на суверенитетот на државата“, порача Заев.

Денес членството во НАТО, потенцира Заев, е израз на нашата натпартиска, широка, мнозинска, национална, мултиетничка и државничка одлука за тоа дека патот напред е патот на демократијата, сигурноста и безбедноста.

„Седиме на маса заедно со најголемите и најразвиените земји во светот. Ние сме еднаков дел од ова големо семејство на развиени демократии. Заедно со нив го даваме нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност. Активно учествуваме во мисиите на НАТО, од кои дел се насочени кон зачувување на мирот и стабилноста, а дел кон развој на локалните капацитети и институции за одржување на мир, безбедност и стабилен демократски развој“, рече премиерот.

Кога е безбедноста и сигурноста во прашање, наведе премиерот Заев, не сме повеќе тема на дневен ред, туку сега и ние учествуваме во креирањето на дневниот ред, дискутираме за сите прашања и заедно ги носиме одлуките со другите сојузници во НАТО.

„За ова прашање имаме и силен политички консензус кој произлегува токму од вториот приоритет на визијата за НАТО 2030 дека посилно од нашите разлики како држави е она што не обединува и што е наша основна мисија: Да се заштитуваме и браниме едни со други и да ги одбраниме нашите вредности што не поврзуваат – демократијата, индивидуалните слободи и владеењето на правото“, истакна во обраќањето Заев.

Претходно министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека членството во НАТО, не само што ја смени позицијата на државата на меѓународната политичка и безбедносна арена, туку ја смени и регионалната политичка и безбедносна динамика.

 

 

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе