По денешното гласање за партиски лидер

Членовите на СДСМ гласаaт и по училишта, за Мицкоски ова е изедначување на партијата со државата

На социјалните мрежи цел ден се објавуваат фотографии од изборите на СДСМ, како членови на оваа партија гласаат на првите непосредни избори за партиски лидер. Голем дел од гласањето се одвива по училници од основните училишта по македонските општини. За лидерт на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски станува збор за класична злоупотреба на владеачката партија.

Останува неодговорено прашањето кој дозволил партиски избори да се одржуваат во училишта, во мандат кога министер за образование е Мила Царовска, член на СДСМ, велат од опозициската партија.

„Ова што денеска се случува со т.н. избор за претседател на СДСМ, вакво изедначување партијата со државата не било ни во едноумието. Ова е само показна вежба за сите злоупотреби што се счлучуваа изминатиот изборен циклус, но и што не чека следните избори за неколку месеци од денеска. Ова е на раб на неверување“, вели во изјавата Христијан Мицкоски.

A.Д.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе