„Кога еден тим губи, не е виновна публиката и домарот“

Членови на ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од Мицкоски и свикување вонреден конгрес

Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ денеска побара оставка од претседателот на партијата Христијан Мицкоски, посочувајќи го како најодговорен за изгубените избори и го потсети на ветувањето дека ако ги изгуби изборите и ако не состави влада ќе се повлече од функцијата.

„На оваа власт некој ѝ овозможи таков луксуз да победи и да формира Влада. Тука не мислиме на оние 327.000 наши сограѓани кои гласаа за Зоран Заев. Тие не се виновни. Не се виновни ниту оние стотици илјади кои останаа дома и одлучија да апстинираат.

Виновен е оној што можеше, требаше и мораше да понуди сериозни, препознатливи политики кои ќе ги сплотат и привлечат граѓаните. Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби наместо да ги обедини силите.

Виновен е тој што не успеа да изгради и да заземе цврст став по ниту едно прашање. Кога еден тим губи, не може да биде одговорна публиката, играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните. Одговорен е тој што го води тимот, а тимот на ВМРО -ДПМНЕ го водеше Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници“, рече Весна Дамчевска-Илиевска, членка на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, членка на Конгресот и во два мандати пратеничка во Собранието.

Таа на прес-конференцијата пред седиштето на партијата потсети дека Мицкоски ги загуби претседателските избори, ги загуби локалните избори во Охрид и Ново Село, а ги загуби и парламентарните избори.

„Вината повторно може да се префрла, но вистината е една. Вистината е дека е најодговорен тој што го состави тимот, а тоа е Христијан Мицкоски.

На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ, а на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново и сериозно раководство. На партијата не му треба лидерство кое денес ќе каже едно, а утре спротивно. Тој рече дека ќе поднесе оставка ако ги загуби изборите. Изборите ги загуби, не формираше влада. Затоа ние од Иницијативниот одбор го повикуваме Мицкоски да си поднесе оставка и да преземе чекори за закажување на вонреден конгрес за избор на нов претседател“, додаде таа.

Според Дамчевска-Илиевска, ВМРО -ДПМНЕ со Мицкоски како претседател и кандидат за премиер на парламентарните избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицкоски, вели таа, и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе им покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени.

На денешната прес-конференција беше присутен и поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, Филип Петровски, Петре Латиновски, пранешен градоначалник на Бутел, Борче Стамов, поранешен градоначалник на Дојран, Сашо Лазаревски, поранешен заменик министер за локална самоуправа и претседател на Советот на Општина Карпош, поранешниот градоначалник на Илинден, Илиевски...  

Веднаш по прес-конференција на Фејсбук се огласи и Сашо Мијалков со порака дека е време за промени, за ново, сериозно раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое ќе ја добие поддршката од членството и за луѓе кои ќе знаат да заземат став и да го бранат со аргументи.

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе