По повод Денот на Бошњаците

Член на Претседателството на БиХ на средба со Бошњачки демократски сојуз

Шефик Џаферовиќ, член на Претседателството на Босна и Херцеговина, денеска го посети седиштето на Бошњачкиот демократски сојуз и имаше средба со претседателот, заменик-претседателот и генералниот секретар на БДС, Мунир Колашинац, Зеќир Курбардовиќ и Дино Дрпљанин. Џаферовиќ дојде во Македонија по повод 28 септември, Ден на Бошњаците.

На состанокот било разговарано за спроведувањето на пописот на населението, учеството на БДС на локалните избори и за статусот на правата на Бошњаците во Македонија, информираат од партијата.

„На состанокот е заклучено дека БДС треба да продолжи да работи на обединување на Бошњаците заради остварување на нивните права во Република Северна Македонија и дека државата Босна и Херцеговина ќе се ангажира да помогне во остварувањето на оваа цел“, соопшти Бошњачки демократски сојуз.

Џаферовиќ е гостин на покана на БДС и на Бошњачкиот национален совет во земјава, а повод за неговата посета е вечерашната свечена академија по повод 28 Септември – Денот на Бошњаците.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе