Рускиот претставник во ЕУ

Чижов: Приемот на Македонија во НАТО ќе биде грешка со последици

Постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини” вели дека се надева оти решението на спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе придонесе за стабилноста, но напоменува дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици”, пренесува Спутњик

„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби…Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки… Има грешки кои имаат последици”, изјавил Чижов, одговарајќи на прашањето за руска реакција на можното пристапување на Македонија во НАТО. 

Во интервјуто тој го коментира и Договорот што го постигнаа Македонија и Грција. 

„Според мене, ова прашање требаше одамна да се реши за да може двете земји да имаат добри соседски односи и соработка. А, за суштината на договорот, ќе видиме како ќе се развува ситуацијата, со оглед дека знаеме за реакциите во двете земји”, вели Чижов. 

Тој не сака да го коментира уставниот процес во врска со промената на името на Македонија и додава дека се надева оти спорот за името ќе се реши на билатерално ниво, без мешање однадвор. 

„Овој договор, се надеваме, ќе ја зајакне стабилноста на Балканот и сорабоката меѓу двете земји, но не треба да се гледа како оправдување за брз пристап на вашиот сосед во воениот сојуз”, изјавил рускиот амбасадор. 

Русија, според него, не се спротивставува на проширувањето на ЕУбидејќи секоја земја право да носи свои одлуки, но има малку поинаков став за НАТО. 

„Проширувањето на НАТО е нешто поинакво. Во основа тоа е обид да се бориш со заканите и предизвиците во 21 век со средства и механизми од 20 век”, вели Чижов за „Катимерини”. 

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе