Чиста формулација за македонскиот јазик и јасна заштита на македонскиот идентитет за предлогот да биде прифатлив, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски на својот Фејсбук профил објави дека Република Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки, но и за истиот да биде прифатлив, клучни се неколку елементи.

„Во врска со јавната дискусија околу францускиот предлог, би сакал уште еднаш да потврдам дека Владата на Република Северна Македонија формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.
Каков и да биде конечниот усогласен текст на францускиот предлог, посочувам дека, за истиот да биде прифатлив за нас, клучни се следниве елементи:
- Чиста формулација за македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет;
- Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка;
- Преговорите помеѓу Северна Македонија и ЕУ мора да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот;
- Цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската Унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија;
- Секое решение ќе треба да е консултирано со институциите на Република Северна Македонија“, напиша Ковачевски на Фејсбук.

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе