Мелник

Чествувањето на Јане Сандански на Македонците од Бугарија и годинава помина без државниот врв (ФОТО)

Денеска во Мелник седум организации на Македонците од Бугарија организираа семакедонски собор и чествување на Јане Сандански по повод 107-годишнината од неговото убиство. На овој семакедонски собор од македонскиот државен врв немаше ниту еден претставник, а присуствуваа претставници на партијата Левица, на здружението Нов АСНОМ, на навивачката група Комити, претставници на дијаспората, на македонски организации од Албанија...

 

Собирот во Мелник по повод 107 години од смртта на Јане Сандански беше навистина семакедонски, велат организаторите кои се задоволни од одзивот. Пораки на поддршка пристигнаа од Македонци во Канада, Франција, Германија, но и од македонската амбасада во Софија.

Полицијата не дозволи користење на озвучување. Од ОМО Илинден - Пирин се задоволни со соработката на месните власти.

Донесена е и Декларација со која се поддржува пријателството меѓу Македонија и Бугарија, но се бара реципроцитет со признавање на македонското малцинство.

Пред споменикот на Јане Сандански во Мелник беа и Комитите од Скопје. Тие порачаа: Ако се откажеме од Егејот, сме се откажале и од Пирин..., длабока е нашата рана, не може да се смири, патриоти чисти - никогаш врховисти!

Организацијата Нов АСНОМ соопшти дека големиот борец Јане Сандански, до последниот час, не попушти пред притисоците да ја запре борбата за слободна Македонија, остана доследен на своите идеи и принципи според кои, само македонскиот народ треба да одлучува за својата иднина и судбина.

„Денеска, од овде, од Мелник, гласно нагласуваме дека Република Македонија и македонската нација стојат исправени пред  слични, ако не и, пред исти предизвици кои ги имаше Јане од сите негаторските политики за постоење на самостојна и суверена Македонија и македонска држава.

Јане се бореше за Македонија на Македонците — ние денеска ја изгубивме Република Македонија. Јане сонуваше, Македонците да бидат признати како посебен народ и посебна нација а денеска, на сила се антимакедонските стратегии за редизајнирање и негирање на македонскиот народ.

Денеска во дел од ЕУ се кршат основните човекови права на Македонците, тие не можат да го изучуваат својот мајчин македонски јазик, забрането им е да се собираат во културни, религиозни и политички движења, а серијата на пресуди за кршењето на нивните права пред Судот за човекови права во Стразбур се игнорира. Од друга страна Европската Комисија не ги спроведува законите на ЕУ и не ги казнува членките на ЕУ кои го кршат основното човеково право на Македонците и нивниот пат во ЕУ.

Уште полошо, денеска политичката волја на македонскиот народ изразена на референдумот од 8 Септември 1991 и 30 септември 2018 не се почитува и неговото основно право на самоопределување. Затоа ја немаме Република Македонија.

Ние од Нов АСНОМ се обрзуваме да го следиме патот  на Јане Сандански, да се бориме против оспорувањето на македонскиот идентитет, да се бориме за македонското прашање и македонската држава и да се избориме за нашите основни човекови права и правото на самоопределување, право втемелено во повелбата на Обединетите Нации. Од патот што го трасира Јане не се откажуваме и ги повикуваме сите патриоти да ни се придружат во нашата борба за да повторно бидеме победници“, соопшти Нов АСНОМ.

 

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе