Чавушоглу бара конкретни чекори против ФЕТО, Димитров вели да се почитува правниот систем

Кога има долга традиција на блискост и пријателство, тешко е да се зборува за услови. Ако земјите се многу блиски мора да доминира разбирањето. Проблем на нашиот пријател и е и наш проблем, во смисла на политичка волја ќе правиме сѐ да помогнеме, рече министерот за надворешни работи на денешната заедничка прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, одговарајќи на новинарско прашање за организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен и соработката во борбата против тероризмот.

Тој информираше дека постои извонредна соработка меѓу разузнавачките служби на двете земји. Овде, како што кажа, немаме докрај одврзани раце, бидејќи имаме и домашен и меѓународен правен систем, што треба да го следиме.

„Процедурата за многу од овие лица е во тек и во Основниот суд Скопје 1 и во Јавното обвинителство. Разговараме и за тоа до каде е процедурата, што се случува“, информира Димитров.

На новинарско прашање за шефот на турската дипломатија Чавушоглу, кои ќе бидат чекорите доколку не се одржат ветувањата од страна на нашата држава во однос на движењето на ѓуленистите или како што Турција го нарекува ФЕТО (Фетулистичка терористичка организација), тој беше дециден дека не сака да дава хипотетички одговори имеѓу другото, нагласи дека Македонија за Анкара е пријателска земја и не сака да се расипат, туку напротив да се зајакнат пријателските односи.

„Но нашите очекувања се јасни и сакаме да видиме конкретни чекори, и важно е заеднички да продолжиме, да има резултати во борбата против тероризмот“, изјави Чавушоглу.

„Турција не поддржува, во своја земја не дозволува да дејствува ниту една теористичка организација која е закана за пријателите на Турција. ФЕТО не е закана само за Македонија, а добива поддршка од разни земји и разузнавачки служби“, рече тој.

Тој им се заблагодари на македонските власти за искрениот пристап во процесот, а затворањето на весникот „Заман Македонија“, според него, е еден од првите позитивни чекори. Чавушоглу уште еднаш повтори дека „се работи и за стабилноста и безбедноста на Македонија, и затоа ФЕТО требало да биде искоренета од нашата земја“.  

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе