АЛСАТ-М

Чавков не дочека да го сменат, заминува во пензија

Директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков не ја дочека одлуката за негово разрешување што е во владина постапка, туку одлучил, самиот да замине од оваа институција, објави Алсат-М

Чавков зел годишен одмор, а во меѓувреме побарал да му се прекине договорот за работа, кој му завршувал кон крајот на јули со можност за продолжување на уште една година. Чавков, според информациите на телевизијата, освен што го прекинува работниот однос, ги собрал и сите лични работи од неговата канцеларија.

Инаку, тој беше директор на Бирото за јавна безбедност, а на 27 април кога се случија насилните инциденти во Собранието беше и шеф на оперативниот штаб. 

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе

Сите овие промашувања на Груевски имаат едно заедничко - дирекно ја загрозија државноста на Република Македонија.

повеќе