Прес-конференција на СДСМ

Чаракчиев: Ја вративме евтината тарифа на струјата, граѓаните заштедеа 64 милиони евра

Една од клучните мерки е враќањето на дневната евтина тарифа на струјата, која беше укината од ВМРО-ДПМНЕ. Точно пред четири години, беше донесена одлуката за воведување на дневната евтина тарифа на струјата секој работен ден од 14 до 16 часот. Само со оваа мерка, годишно граѓаните заштедуваат околу 16 милиони евра, односно, за четири години тоа е заштеда од вкупно 64 милиони евра, пари кои останале во семејните буџети на граѓаните, изјави на прес-конференција Коле Чаракчиев од СДСМ.

Истовремено, Владата и парламентарното мнозинство предводени од СДСМ, оваа година донесоа законски измени за намалување на ДДВ на електрична енергија со што домаќинствата ги заштитивме од ценовни шокови, односно, од покачување на цената на електричната енергија.

Воведувањето на евтината дневна тарифа на струјата, укинувањето на радиодифузната такса, проектот Мој ДДВ како и предлог за проширување на Листата на социјално-ранливите категории на граѓани кој добиваат социјални пакети за субвенции за енергија, односно струја, се само дел од мерките со кои парите ги враќаме назад кај граѓаните.

Повеќе пари во секое семејство, повисок животен стандард се врвните приоритети од кои не отстапуваме.

Како одговорна партија, остануваме посветени на мерките и политиките кои носат повеќе пари кај граѓаните.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе