„Министерот Церар потенцираше дека примерот на Македонија во насока на унапредување на односите со соседите и надминување на отворените прашања на мирен и конструктивен начин е позитивен како за целиот регион, така и за идните генерaции затоа што ќе им овозможи да живеат во мирна и безбедна средина, интегрирана во НАТО и ЕУ“, соопшти службата за информирање на македонското Собрание.
Џафери, како што се наведува во соопштението, истакнал дека Парламентот посветено работи во насока на исполнување на сите неопходни реформи со активна вклученост на опозицијата и информирал дека во моментот во Македонија се одвива скрининг, по што следи усогласувањето на домашното законодавство со тоа на ЕУ.
На средбата Џафери посочил дека Македонија и покрај тоа што била оценета како земја која ги исполнува стандардите за членство во НАТО уште во 2008 година, сепак поради спорот со името, долго била пред вратите на НАТО и Европската Унија, но оти парламентарното мнозинство и Владата успешно ги надминале отворените прашања со соседите при што се затворени две прашања со Република Грција и Република Бугарија.