Одбележување на Денот на независноста

Централната прослава ќе се одржи пред Собранието на Македонија

Здравствени работници, спортисти, пожарникари, полицајци и војници, рудари, земјоделци, волонтери на Црвен крст, извидници, како и националните ансабли и културно-уметничките друштва денеска ќе продефилираат во центарот на главниот град по повод 30 години независност на државата. Централната прослава ќе започне во 18.30 часот на просторот пред парламентот со говори на претставниците на државниот врв.

Централната прослава ќе биде на отворено пред Собранието на Македонија со почеток во 17:30 часот, а ќе започне со изведба на делото „Симфонија за филхармонија" од композиторот Живоин Глишиќ по што следи дефилето.

Според протоколот, официјалниот дел ќе почне во 18:30 часот со интонирање на државната химна од страна на Воениот оркестар, по што ќе следуваат говорите на државниот врв. Обраќање ќе имаат претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев.

По обраќањето на премиерот, односно од 19:30 часот започнува музичкиот дел со изведба на песна специјално аранжирана за оваа прилика и музички дел со познати солисти кои заедно со Националната филхармонија ќе изведат неколку антологиски забавни нумери.

Покрај официјалните гости и медиумите, според протоколот и актуелната состојба со пандемијата, предвидено е присуство на околу 1.000 акредитирани граѓани кои приложиле вакцинален сертификат или потврда за прележаност од Ковид-19.

Поради одбележувањето на празникот, затворени за сообраќај од 11 часот ќе бидат бул. „Кочо Рацин" на потегот од крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу" до ул.„Кирил и Методиј", ул.„11-ти Октомври" на потегот од ул.„Крушевска Република" до ул.„Димитрие Чуповски", ул. "Филип Втори" на потегот од бул.„Гоце Делчев" до ул.„11–ти Октомври", Кеј „13–ти Ноември" на потегот од ул.„Филип Втори "до бул.„Кочо Рацин", ул.„Мирче Ацев" на потегот од ул.„Филип Втори „до бул."Кочо Рацин", ул.„Димитрија Чуповски" на потегот од порта Македонија до бул.„Климент Охридски" и ул.„Даме Груев" од крстосницата со ул. „Македонија" до ул. „11-ти Октомври"

Претседателот Стево Пендаровски денеска по повод Денот на независноста, со орден „8 Септември" ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

Претседателот Пендаровски, премиерот Зоран Заев, замениците на премиерот Артан Груби, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи како и министерка за образование и наука Мила Царовска ќе положат цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје.

Цвеќе пред вечните почивалишта на Глигоров и Трајковски ќе положи и собраниска делегација предводена од потпретседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Горан Мисовски, составена од пратеничките Снежана Калеска-Ванчева и Велика Стојкова-Серафимовска

Во пресрет на одбележувањето синоќа артилерискиот баталјон на Армијата изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе