Централна демократска унија (ЦДУ), нова партија на Ромите во Македонија

Централна демократска унија (ЦДУ) е нова политичка партија на Ромите во Македонија која што официјално беше претставена минатиот месец. Примарна цел на оваа партија, како што велат оттаму, е ромско обединување и заштита на нивните интереси, како и одговорно и интензивно решавање на проблемите со кои се соочуваат.

Партијата ја промовираше лидерот Рикардо Сали кој во својот говор потенцираше дека оваа партија ќе се разликува од останатите партии во ромскиот политички блок.

Во државава според последниот попис има 46.879 Роми, односно 2,53% од вкупното население во Македонија. Иако има релативно висока бројка на Роми во нашата држава сепак има голема разединетост меѓу нив. Новата партија, велат, ќе го слуша гласот на народот и ќе се бори за подобра иднина на ромската заедница која што се соочува со големи проблеми.

Идеолошки оваа партија припаѓа на центристичките партии, но тие не ја исклучуваат можноста за понатамошна коалиција со партиите од левицата или десницата. Како што велат, и самото име на политичката партија произлегло од нивната идеолошка матрица „Централна демократска унија“.

„Ние сме партија која гласно ќе зборува за проблемите на Ромите во Македонија, а за решавање на истите демократски ќе се одлучува во рамките на самата партија. Во нашата партија сите ќе имаат можност да придонесат во решавањето на проблемите и креирањето на посветла иднина“, велат од ЦДУ.

Во политичката партија ЦДУ има луѓе кои веќе подолго време биле активни во политиката, но и млади луѓе кои сега за првпат влегуваат на македонското политичко поднебје. За останатите партии од ромскиот политички блок тие велат дека честопати станува збор за „човек – партија“, а истите тие партии го донеле ромскиот народ до сегашното ниво. Во однос на партиите кои биле активни во текот на изминатите години, се потенцира дека треба да се провери потеклото на нивниот имот и нивните „лидери“ да сносат одговорност за се што сториле.

„Самата ситуација во која се наоѓаат Ромите во државата, го појаснува ангажирањето околу заедницата, која е во исклучително тешка состојба, каде поголем дел од населенито во 21-от век живее во супстандардни услoви, немаат водовод, канализација, а да не зборуваме за интернет без кој денес не може да се фунционира (онлајн училиште, користење на неопхони апликации за секојдневно функционирање и информирање), а не пак да размислуваат за некоја посветла иднина за нив и нивните поколенија. Сето ова е поради погрешното водење политика и лошиот третман на Ромите во изминатите 20 години во Македонија“, вели лидерот на ЦДУ, Рикардо Сали.

ЦДУ, насочувајќи се кон обезбедување на достоинствен живот на Ромите, во својата програма има четири основни приоритети, а тие се: образование, вработување, здравство, домување.

 

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе