ОПШТИНСКИ ИНСПЕКТОРАТ

Центар: Новиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ нема употребна дозвола, објектот зафаќа и државен имот

Од општина Центар информираат на неправилности при извршениот инспекциски надзот на градбата на градежната фирма „Бетон“, чиј дел е и новото седиште на владејачката партија, сега именувано „Палата Христо Татарчев“.

„Инспекцијата, при увидот на лице место, констатираше дека инвеститорот има ставено во функција дел од објектот, иако за тоа не се исполнети законските предуслови. Односно, објектот е во фаза на изградба и согласно Законот, БЕТОН не може да достави записник од надзорен орган со кој ќе побара технички прием и упис во Катастар. Попрецизно кажано, објектот нема употребна дозвола“, соопштуваат од општина Центар.

Од увидот, како што велат, инспекцијата констатирала дека над влезот на објектот на ВМРО – ДПМНЕ има балкони и покриен дел, иако градежната маркица завршува со објектот.

Тврдат инвеститорот немал законско право градбата да ја прошири над делот кој е сопственост на Република Македонија. Според увидот, објектот излегувал од границите на градежната парцела и зафаќа дел од државниот имот.

„Инвеститорот се обиде да објасни дека од град Скопје добил дозвола за поставување урбана опрема на јавна површина, но овој дел не може да влезе во категоријата на урбана опрема. Се работи за градба, и затоа инспекцијата на општина Центар ќе ги побара документите од град Скопје и од инвеститорот АДГ Бетон и, согласно позитивните прописи, ќе донесе соодветни управни акти“, велат од Центар.

Од понеделник, инспекција на општина Центар повторно ќе побара од инвеститорот да овозможи увид на дел од објектот кој е пуштен во функција, со цел да констатира дали градбата одговара на одобрениот проект, доставен и одобрен од општина Центар.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе