Целта е пописот да заврши во предвидениот рок, вели Маричиќ

Државниот завод за статистика дава максимални напори до крајот на утрешниот ден да се комплетира пописот. Наша цел е сите граѓани да се попишат и ниту еден да не остане непопишан, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

Информациите до денеска, како што посочи, се дека се попишани скоро 1,8 милиони граѓани.

„Има уште време до утре, тоа што го знам е дека одредени реони се целосно попишани и тие попишувачи кои ја завршиле работата таму доаѓаат во реони каде што сѐ уште има потреба да се врши пописот. Отворени се дополнителни пунктови каде граѓаните сами можат да се попишат доколку не биле најдени дома или од некоја причина досега не се попишани“, рече Маричиќ.

Тој уште кажа дека се во постојана комуникација со Заводот за статистика и врз основа на нивните проценки и информации ќе носат одлуки за понатаму.

„Наша цел е пописот да се заврши во законски предвидениот рок, доколку има било што друго навреме ќе ја известиме јавноста“, изјави Маричиќ.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе