ВО ПРЖИНО

Целосниот договор што утрово го потпишаа македонските лидери

Еве ја преведената верзија на Договорот што синоќа, по 12-часовни преговори, го потпишаа премиерот Никола Груевски, лидерот на СДСМ Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и претседателот ДПА, Мендух Тачи, со посредство на еврокомесарот Јоханес Хан.

ПРОТОКОЛ

На Договорот од 2 јуни 2015

Во Договорот од 2 јуни, член 5, прва алинеја, е констатирано: „До 10 јуни страните ќе се договорат за конкретната организација на владата што ќе ги подготвува изборите“. На 19 јуни лидерите писмено ја потврдија својата посветеност на гореспоменатиот договор и се согласија да ги продолжат дискусиите.

Овој Протокол ја комплетира првата алинеја од Членот 6. Тој ќе претставува интегрален дел од Договорот од 2 јуни.

Долупотпишаните страни се согласуваат со следново:

1. На 1 септември 2015 СДСМ ќе се врати во парламентот, како што е утврдено во втората алинеја од Членот 6 од Договорот од 2 јуни.

2. На 20 октомври 2015 ќе биде назначен нов министер за внатрешни работи по предлог на СДСМ и по консултации со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Овој министер ќе биде технички.

3. На 20 октомври 2015 ќе биде назначен нов министер за труд и социјални политики, по предлог на СДСМ.

4. На 20 октомври 2015 ќе бидат назначени нови заменик-министри на следниве министерства:

а. Министерството за внатрешни работи, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

б. Министерството за труд и социјални политики, по предлог на ВМРО-ДПМНЕ

в. Министерството за финансии, по предлог на СДСМ

г. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по предлог на СДСМ

д. Министерството за информатичко општество и јавна администрација, по предлог на СДСМ.

Овие заменик-министри ќе имаат целосно право во своите министерства да ги прегледуваат и да стават вето на сите законски, финансиски и кадровски прашања поврзани со организацијата на изборите.

Сите гореспоменати нови министри и заменик-министри ќе останат на своите позиции во новата влада наведена подолу.

5. Актуелната влада навремено ќе ја поднесе својата формална оставка до парламентот за да ѝ овозможи на новата влада да стапи на функција на 15 јануари 2016, 100 дена пред парламентарните избори што ќе се одржат на 24 април 2016. Новата влада ќе биде предводена од премиер по предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината владина програма ќе биде ограничена на организирање на предвремените парламентарни избори.

6. Горното правило дека актуелната влада ќе даде оставка 100 дена пред наредните избори и дека ќе биде назначена нова влада ќе важи за изборите во 1 април 2016 и, по неопходните законски промени што треба да стапат во сила најбрзо што е можно, и за идните избори.

7. Страните се обврзуваат да се придржуваат до овој договор целосно и со добра волја. Страните исто така се обврзуваат дека ќе избегнуваат секакви пречки вклучувајќи ги и оние што се поврзани со одржувањето на изборите на 24 април 2016.

8. Третата алинеја од Членот 6 ќе биде комплетирана спред следново: по зборовите „итна акција“ ќе биде додаден следниов текст:

„До 15 септември 2015 ќе има нов специјален јавен обвинител со целосна автономија да води истраги што се во врска и што произлегуваат од прислушувањето на комуникациите. Специјалниот јавен обвинител ќе биде назначен со договор на долупотпишаните страни.“

Скопје 15 јули 2015

Политичките раководства во Република Македонија мора да сфатат дека немаат комодитет да ги занемаруваат економските политики на сметка на политичките агенди.

повеќе

Четирите предложени амандмани треба да им го оневозможат луксузот што го имаа сите досегашни влади, на сите идни влади - спорот за името да им биде изговор за несовесно работење, корупција и системски пропусти.

повеќе

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе