Министерство за информатичко општество и администрација

Целата администрација да се врати на работа од 1 февруари

Министерството за информатичко општество и администрација предлага од 1 февруари администрацијата целосно да се врати на работа, да нема ротации. Но, како што рече владиниот портпарол Муамет Хоџа на денешната прес-конференција, за тоа Владата не донесува одлука, туку им препорачува на институциите кога за тоа ќе има мислење од Комисијата за заразни болести.

Хоџа кажа дека на вчерашната владина седница не станало збор за оваа тема бидејќи немало добиено мислење од Комисијата за заразни болести.

На новинарско прашање за сметководителите и нивните барања, Хоџа информира дека сите барања од сметководителите се реализираат од надлежните институции и изрази надеж дека во текот на денот или во текот на утрешниот ден ќе има одговор на нивните прашања.

 

 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе