Царовска, како што соопшти МТСП, нагласила дека Министерството ја презема улогата на лидер во обликување на политиките, координација и одговорност на Владата на Република Македонија во однос на агендата за родова еднаквост и еманципација на жените.
„Преземени се значајни чекори во насока на искоренување на сиромаштијата кај жените. Така, со промена на законот за минимална плата се изедначуваат платите за сите економски сектори и се намалува разликата во платите меѓу мажите и жените. Со овие промени ги опфативме работниците од текстилната индустрија, од кои 80% се жени“, изјави Царовска.
Таа додала дека Република Македонија во декември ланиатата година, ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство
Царовска учествува како панелист и на настанот „Трансформативно финансирање за родова еднаквост“, а ќе има излагање и во рамки на министерската панел дискусија на тема: „Забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција и постигнување конкретни резултати до 2020 година“.