Царовска: Септемвриските плати на вработените во градинките се покачени за 2 насто

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска даде појаснување во врска со покачувањето на платите на вработените во градинките. 

„Редовното покачување од 2 насто на платите на вработените во градинките е вметнато во нивната септемвриска плата.  Потоа, согласно со Законот за минимална плата, зголемената плата за 2 насто, дополнително се покачи до износот на минимална плата“, изјави Царовска.

Според неа, од септември, вкупниот ефект од зголемувањето на минималната плата и зголемувањето од 2% кај градинките ќе биде до 2.040 денари, во зависност од нивното работно место.

 

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе