СДСМ

Заев откри, Царовска и Спасовски можни кандидати за технички премиер

Заев откри дека наскоро ќе се знае составот на техничката влада која треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена сегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не постојат причини, ниту потреба за одложување на предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април догодина. Тој вели дека наскоро ќе се знае составот на техничката влада кој треба да се формира на 100 дена пред избори, а како можни кандидати за технички премиер ги спомена сегашните министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика Оливер Спасовски и Мила Царовска, чии имиња изминатиот период се споменуваа во јавноста.

Тој повтори дека се очекува шпанската влада да биде формирана на почетокот на јануари, а земјата да го ратификува Протоколот за нашето членство во НАТО, така што овој парламентарен состав би можел да го ратификува пред распуштањето  на Собранието. Исто така, рече Заев, останува и можноста да се донесе условена ратификација која би била донесена пред Шпанија да го ратификува протоколот, а би стапила во сила по шпанската ратификација.

-Ова го кажувам транспарентно за да не останат дилеми дека постои каква било аргументација за одложување на изборите. А зошто е ова важно, за да можат компаниите, коморите и граѓаните да си прават планови, рече Заев.

Тој истакна дека најверојатно в четврток ќе ги има првите координации во СДСМ, а потоа и во коалицијата за да бидат донесени одлуките за техничката влада.

-Ние треба да се усогласиме околу името на техничкиот премиер, за двајца дополнителни заменици министри во МТСП и МВР со право на вето. Веројатно до крајот на годината треба да следи и барање и предлози од опозицијата за министри во МВР и МТСП, но и тројца заменици министри и за тоа да разговараат со власта. Очекувам на 3 јануари, датум кој е на 100 дена пред избори да се констатира мојата оставка со што престанува да функционира оваа Влада која ја водам и на самата седница на предлог на новиот мандатор кој добива мандат од претседателот на државата, да се претстави техничката влада и програмата и да се избере, рече Заев.

Се споменуваат имиња кои се многу логични, како што посочи, за министрите Спасовски и Царовска заради тоа што тие заминуваат од министерствата.

– И ние се движиме во тој делокруг, некогаш во политичките раководска се јавуваат и предлози за некој од надвор, сакаме да ги разгледаме и да ја донесеме одлуката, рече премиерот.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе