Царовска и Адеми се сретнаа со донаторската заедница за секторот образование, вработување и социјална политика

Министерот за образование и наука Арбер Адеми и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваа на работниот состанок со меѓународните донатори за секторот образование, вработување и социјална политика.

Адеми говореше за важноста и значењето на координативниот состанок во исполнувањето на стратешките цели и определби на националните политики кон интеграција на земјата во ЕУ.

„Важно е да го продолжиме и зајакнеме партиципативниот процес и координацијата на активностите во рамките на стручното образование и обука, како и спроведување и следење на секторските политики со фокус на остварување на резултати, а со цел обезбедување на долгорочен ефект и усогласени реформи во секторот”, рече Адеми.

Министерството за образование и наука, според него, изминатиот период работеше на носењето добри и корисни политики преку спроведување на сеопфатна анализа од страна на ОЕЦД, за која веќе имаме и извештај но и јасен показател во која насока ќе се движат реформите.

„Притоа се донесоа и повеќе значајни закони како Законот за високо образование, Законот за основно образование и Законот за наставниците и стручните соработници во основно и средно, а во фаза сме и на креирање на работна група која ќе започне со разработка на пакет законите во делот на средното и средното стручно образование”, изјави Адеми на состанокот.

Царовска, пак, истакна дека изминатиот период Министерството за труд и социјална политика работело на повеќе процеси и реформи. Дел од нив се завршени, дел продолжуваат да се спроведуваат.

„Со социјалната реформа работиме на намалување на детска сиромаштија. Процесот на деинституционализација успешно се спроведува. Досега бројот на деца во институции е намален за 75 проценти, а до крајот на годината очекуваме да нема деца во домовите”, рече Царовска.

Таа потсети дека се отворила и програмата со Светска банка за развој на социјални услуги на локално ниво.

„Успешно се спроведува реформата за стабилизација на пензискиот фонд. Работиме на квалификување на младите лица за што се предвидени активни мерки во Оперативниот план. Ова се само дел од процесите и реформите на МТСП”, изјави Царовска.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе