За австриски „Куриер“

Бутарис: Заев сака компромис за името, Република Нова Македонија или Северна Македонија

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, кој неодамна беше во Скопје, за време на посетата на Виена, во интервју за „Куриер“ говори и за прашањето за името. 

Новинарката во текстот пишува дека Бутарис не се грижи само за општината што ја раководи, туку и за надворешната политика, па така е ангажиран и за решавање на долгогодишниот спор меѓу двете соседни земји.

„Новиот претседател на владата Зоран Заев нема националистички идеи како неговиот претходник Никола Груевски, кој беше страшна несреќа за земјата. Заев сака компромис за името: Република Нова Македонија или Северна Македонија. Грција никогаш не би го прифатила името Република Македонија“, вели Бутарис.

Солунскиот градоначалник, како што пишува „Куриер“, смета дека со новото име, Македонија би можела да најде нов идентитет за самата земја и за нејзините граѓани, а со решение на името би се отворил патот до НАТО.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе