„Туристите кога слетуваат Солун, мислат дека доаѓаат во Скопје“

Бутарис: Аеродромот во Солун „Македонија“ може да се преименува во „Никос Галис“

Градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, изјави дека треба да се размисли за промена на името на солунскиот аеродром „Македонија“.

„Не велам дека треба да се промени, но само јавно прашувам, да размислиме за тоа бидејќи името 'Македонија' 'го подели светот, нѐ подели нас' и од тоа сите губиме“, рече Бутарис во изјава за грчката ТВ Скај, пренесува МИА.

Според него, аеродромот би можел да го носи името на прославениот грчки кошаркар Никос Галис, кој, како што вели, е меѓународно призната личност и единствениот од Грција што влезе во американската Куќа на славните. Дополнителна причина за преименување на аеродромот, истакнува солунскиот градоначалник, е тоа што туристите кога слетуваат Солун, мислат дека доаѓаат во Скопје.

Бутарис смета и дека не се реални грчките стравувања од Македонија и дека проблемот на Грција не е Скопје, туку Анкара, и сѐ поголемото турско влијание во регионот.

Тој оценува дека сега има реална можност проблемот со името да се реши, а секое одолжување би одело на штета на Грција.

„Подобро да добиеме 50 отсто од нешто, отколку 100 проценти од ништо. Изгубивме во Хаг, не можеме да го задржиме ветото за НАТО“, изјави Бутарис.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе