Влада

Бундестагот во септември ќе донесе одлука за почеток на преговори со ЕУ, му порача Меркел на Заев

Германскиот Бундестаг ќе донесе одлука во септември за одобрување на старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, согласно утврдените процедури на Германија за прашањата за проширување на Унијата. Ова е пораката која што германската канцеларка Ангела Меркел му ја пренела на премиерот Зоран Заев на денешната средба во Берлин.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Меркел потенцирала дека Северна Македонија го испорача очекуваното и дека таа и Берлин на тоа гледаат многу позитивно.

Заев, пак, на средбата изјавил дека Република Северна Македонија има целосна доверба во канцеларката Меркел и ја поддржува нејзината политика за процесот на проширување на ЕУ, како и нејзината политика кон Западен Балкан.

„На средбата беше истакнато дека СР Германија е наш стратешки партнер со кој заедно работиме на политиките за помирување на Западен Балкан, на стабилизацијата на регионот и на обезбедување економски напредок и демократска трансформација, процес којшто ќе заврши со нашето интегрирање во ЕУ.

Премиерот Заев на средбата нагласи дека радува фактот што Министерството за надворешни работи на СР Германија има позитивен став за нашата земја во однос на започнувањето на преговори за членство во ЕУ, и дека треба да се испочитуваат процедуралните постапки и демократските процеси кои ќе овозможат Бундестагот да донесе позитивна одлука во септември“, се вели во соопштението.

На средбата на владината делегација во која освен премиерот Заев се и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров во Берлин, како што се додава во соопштението, се потврди дека во Германија, како и во другите земји членки, неоспорно се признаени резултатите од реформите кои се потенцирани во извештајот на Европската Комисија и дека позитивно се гледа на препораката на Европската комисија за започнување на преговори за членство во ЕУ. „Силно е уверувањето дека оваа година започнуваме преговори за членство со ЕУ и им се придружуваме на Србија и Црна Гора“, пишува во соопштението.

По средбата во Берлин со кусо соопштение се огласи и канцеларијата на Меркел во кое што се наведува дека со Заев разговарале за билатералните односи, а фокусот бил ставен и на „прашања од надворешната и европската политика“.

Во соопштението не се прецизира ставот на Меркел за очекувањата на Владата на Северна Македонија за одредување датум за почеток на преговорите со ЕУ.

„Германија заедно со Франција си поставија цел, зајакнување на стабилноста на балканскиот регион. Важен чекор кон тоа беше решавањето за спорот со името ‘Македонија‘. Под покровителство на ОН, балканската држава од 12 февруари 2019 година се преименува во Северна Македонија, со што се стави крај на спорот за името со Грција што траеше од 1991 година. Во април премиерот Зоран Заев, исто така, присуствуваше на состанокот за Западен Балкан, што го организираа германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон“, пишува во соопштението од канцеларијата на герма Меркел објавено по 40-минутната средба со премиерот Заев.

Сегашниот изборен модел е причината и генераторот  на сите проблеми на општественото и политичпко уредување на Македонија.

повеќе

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе