Бујар Османи денеска пред Венециската комисија го брани Законот за јазиците

Вицепремиерот Бујар Османи денеска на сесија пред Венециската комисија го претставува ставот на Владата дека Законот за употреба на јазиците е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање европска мултиетничка и функционална држава.

Ова Османи го напиша претпладнево на Фејсбук пред заминувањето.

„На пат за Венеција, на сесија на Венециската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање европска мултиетничка и функционална држава“, наведува Османи.

Венециската комисија, по посетата на Македонија, имаа сериозни забелешки на Законит за употребата на јазиците.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе