Со големо мнозинство гласови

Бугарското собрание ѝ даде мандат на Владата да го одобри францускиот предлог

Народното собрание на Бугарија ѝ даде мандат на владата да го одобри францускиот предлог за кревање на ветото кон Македонија. Според процедурите, тоа е првиот чекор кон давање зелено светло за кревање на ветото за Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија. Усвоениот предлог, практично е со дополнувања на францускиот предлог, односно содржи и нови услови за Македонија,

Одлуката на собранието е донесена со 170 гласови „за", 37 „против" и 21 „воздржани".

Бугарското собрание предлогот го изгласа по неколку часовна расправаи тој е практично дополнување на францускиот предлог што беше поднесен од пратеникот Христо Иванов и Демократска Бугарија.

Според одлуката на пратениците за доолнување на францускиот предлог, се потврдуваат условите под кои Софија може да го поддржи процесот на европска интеграција на Македонија.

Станува збор за ефикасно имплементирање на Договорот за добрососедство, европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети, гаранција за правата на Бугарите во Македонија со нивното вклучување во Уставот и дека ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

За овие точки бугарското Собрание потенцира дека бара да има европски гаранции за нивно исполнување.

Вчера пак, македонскиот премиер Димитар Ковачевски во Брисел изјави дека Македонија го отфрла францускиот предлог.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе