На денешната средба во Министерството, директорката на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Вања Андреева го известила в.д. шефот на македонската амбасада дека бугарската дипломатска мисија во Скопје открила оти во дворот на црквата во село Клепач, прилепско, заменет е споменикот во чест на војводата Велко Скочивирчето и осум негови генерали кои загинале во битка со османлиските трупи во 1904 година, обајви МИА.
Исто така, откриено е дека е заменет оригиналниот натпис на литературен бугарски јазик, отстранети се делови од автентичниот текст и некои од имињата на убиените бунтовници.