Бугарското МНР ја поздрави поканата до Македонија за НАТО

Ја поздравуваме одлуката од Самитот  на НАТО за почнување разговори со Република Македонија за приклучување кон Алијансата, решавачкиот чекор кон нејзината евроатлантска припадност, пишува во соопштението на бугарското МНР.

„Ја поддржуваме одлучноста на Владата во Скопје да продолжи со примена на реформите и со зацврстување на добрососедските односи. Од наша страна, ќе продолжиме да ја даваме неопходната поддршка во духот на нашиот Договор за пријателство, добрососедство и соработка, што го потпишавме во 2017 година. Постигнатиот напредок го гледаме и како успех на нашата активна политика за европска и евроатлантска иднина на целиот регион - успешно реализиран приоритет во рамките на штотуку завршеното бугарско претседателство со Советот на ЕУ“, соопшти бугарското МНР.

Поканата за Република Македонија, како што се додава, е јасна потврда дека политиката на „отворени врати“ на Алијансата останува актуелна и придонесува за сигурноста и стабилноста во евроатлантскиот простор.

 

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе