Бугарија ја потврди позицијата: Условите за меѓувладина конференција со Скопје не се исполнети

Условите за одржување на меѓувладина конференција со Република Северна Македонија не се исполнети, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи.

Советот на министри ја одобри позицијата на Бугарија за учестви на состанокот на Советот за општи работи што ќе се одржи на 22 јуни во Луксембург.

Министерството за надворешни работи на Бугарија нагласува дека позицијата во однос на преговарачката рамка рамката за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во Европската унија останува непроменета. Преговарачката рамка треба да ги содржи потребните гаранции во врска со спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство од 2017 година, кои во моментов не се исполнети. Затоа не се исполнети и условите за одржување на првата Меѓувладина конференција.

Бугарија, како што се додава во соопштението од тамошното МНР, останува отворена за дијалог и презема чекори за градење доверба и враќање на прагматичен и конструктивен дијалог, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија.

 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе