По вчерашната онлајн средба

Бугарските и македонските историчари се договориле наместо придавката македонски да се користи уставното име

Уставното име наместо придавката македонски ќе се користи во записниците од Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија. Придавката македонски ќе се користи само во цитатите од записниците, а во официјалните заклучоци од средбите ќе се употребува уставното име на земјава. Ова е дел од договореното по вчерашната онлајн средба на македонските и бугарските историчари од Мешовитата комисија. Реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

Договор бил постигнат и за името на самата комисија. Нема да се употребува македонска или бугарска страна на комисијата, туку комисијата на Република Северна Македонија или комисијата на Република Бугарија.   

„Беа предложени решенија кои се взаемно прифатливи за двете страни. Продолжува дискусијата по записниците за 10-та средба токму по тие прашања. Во таа смисла, постигнавме договор во согласност со меѓудржавната и меѓусебната пракса. Зборувам за, да речеме, учебници на РСМ, а не за македонски учебници”, велат членови на комисијата од бугарска страна.

Дискусијата за тоа како ќе се нарекува македонскиот јазик во официјалните заклучоци од средбите и натаму останува отворена. Предложено било да се користи терминот официјален јазик на РСМ или македонски јазик според Уставот на РСМ.

Наредната средба во полн формат треба да се одржи на 25 и 26 февруари.

На овие информации реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. „Во однос на изјавите дека македонската страна прифатила бришење на придавката „македонски“ и нејзина замена со новото име договорено од Заев, јавно прашуваме: Нели идентитетот беше бетон, и не се преговараше за идентитетските прашања со источниот сосед?         За ова ли Заев менуваше член на историската комисија? Нели придавката „македонски“ била испишана со златни букви, како сега исчезна од записниците. Владата на јавноста ѝ должи одговори. Колку подолго Заев е премиер толку повеќе Македонија ќе губи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе