В петок и сабота

Бугарскиот претседател Радев во официјална посета на Македонија, со него доаѓаат и двајца митрополити од БПЦ

Бугарскиот претседател Румен Радев в петок и сабота, заедно со сопругата ќе престојува во прва официјална посета на Македонија. 

За време на неговиот престој, Радев ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, со претседателот на Парламентот Талат Џафери, како и со лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Али Ахмети и Христијан Мицкоски. Според најавите, предвидена е средба и со пратеникот Илија Димовски, камо претседател мна собраниската комисија за соработка со Бугарија.

На првиот ден од посетата предвидено е заедничко положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, како и официјален ручек со Заев.

На вториот ден од посетата се предвидени средби и разговори за унапредување на економската соработка меѓу двете земји. 

Интересно е што за првпат во делегацијата на претседателот ќе има и двајца митрополити од Бугарската православна црква, Николаи и Киприан. Инаку, митрополитот Киприан е претседател на Комисијата на БПЦ која води преговори за признавање на автокефалноста на МПЦ-Охридска архиепископија и е поставен на тоа место од Светиот синод откако БПЦ се согласи да биде црква мајка и да се бори за автокефалноста на МПЦ-ОА.

 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе