Бугарскиот национализам е опасен, барајте гаранции од западните сили, вели Едвард Џозеф

Бугарија посегнува по сѐ македонско, што е нечуено, А, со оглед на тоа дека САД и ЕУ не успеаја да ја стават Бугарија на исто ниво со Македонија, како што беше со Грција, и ѝ овозможија да ја зачува нејзината предност, Македонија треба да бара од САД, особено од Франција, но и од Германија, па и од Велика Британија, афирмација на македонскиот идентитет, цврсто признавање на македонскиот народ, македонскиот јазик, па и на аспекти од македонската историја, и тие можат да го направат тоа. Ова го нагласи Едвард Џозеф, политички аналитичар, познавач на состојбите на Балканот.

И покрај тоа што францускиот предлог не е избалансиран Северна Македонија треба да го искористи скрининг процесот и да се фокусира на реформите кои се важни за граѓаните и ќе ја придвижат земјата напред, изјави Џозеф од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс денеска во Скопје каде учествува на годишната меѓународна конференција „Редефинирани приоритети: нови реалности по украинската криза".

Говорејќи за српски и албански национализам и оценувајќи дека „Голема Албанија е деструкција“, како особено опасен го оцени бугарскиот национализам.

„Бугарскиот национализам е вистинска закана бидејќи Бугарите посегаат по историјата и идентитетот на земјава, што е нечуено. Тоа е кршење на духот и словото на Договорот за пријателство, а однесувањето на Бугарија е сѐ, само не пријателско. Заканата од Бугарија е реална, а она што ви останува е да ја искористите предноста од скрининг процесот. Не се потребни уставни измени во моментов и треба да се фокусирате на реформите, кои се во интерес на земјава. Искористење ја и предноста од претседавањето со ОБСЕ. Тоа е огромна можност во историско време кога се случува војна меѓу Русија и Украина, која има импликации на целиот свет. Вашата земја ќе ја води организацијата, која е формирана за безбедноста на истокот и западот и тоа е огромна можност и привилегија за вашата земја да го демонстрира тоа лидерство во ваков клучен момент во историјата“, потенцира американскиот професор.

Тој прави голема разлика меѓу Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, односно со францускиот предлог кој беше прифатен за да се отворат портите на ЕУ.

„Преспанскиот договор беше постигнат на фер основа бидејќи, иако Грција беше членка на НАТО и ЕУ, преговорите се водеа на еднаква основа и беше постигнат фер компромис со отстапки од Грција и од Северна Македонија. Францускиот предлог пак воопшто не ја засегна предноста на Бугарија и тој го одразува тоа. Тоа исто така е грешка и на САД и на ЕУ, бидејќи создава лош преседан во Унијата. До граѓаните на земјата е да решат, дали тој го загрозува или не македонскиот идентитет. Но сакам да подвлечам дека е важно да се искористат предностите од скрининг процесот, без оглед на Бугарија. Тој не е во интерес на Бугарија, туку на граѓаните на оваа земја. Искористете го и направете максимум во реформите за владеење на правото, борбата против корупцијата и други важни реформи кои ќе ја придвижат земјата напред и ќе им покажат на граѓаните дека тоа е реално и е важно“, вели Џозеф.

Иницијативата Отворен Балкан според него, е добра за земјите од регионот во однос на трговијата, но е лоша идеја тоа да се прави со автократски режим кој е, вели, „креиран за да ја зголеми српската политичка моќ која има најголема економија со трговски суфицит со многу држави во регионот“.

Според Џозеф,Отворен Балкан треба да се балансира со „здравиот триаголник“  Скопје – Приштина и Атина.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе