Нови предлог амандмани

Бугарскиот културен клуб Скопје бара да не се исклучуваат македонските Бугари од македонскиот народ

Во преамбулата на Уставот треба да се внесат и идеите на БМОРК (ТМОРО, ВМОРО), за политичка автономија на нашите простори ветена на Берлинскииот конгрес во 1878 година, со идеалите на Крушевската Република, со целите на ВМРО – кое по 1919 година се објавува за независна Македонска држава, прогласот на АСНОМ, на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договор, бара Бугарскиот културен клуб Скопје.

Во писмото до претседателот на Собранието Талат Џафери, Лазар Младенов, претседателот на БККС вели дека не може да се постигне национална согласност „ако ги исклучиме македонските Бугари од македонскиот народ, премолчувајќи го историскиот факт дека точно тие се креаторите на идејата за автономна, а подоцна и независна Македнија“.

Писмото на Младенов го пренесуваме во целост:

„Веќе 29 години Република Македонија не успева да го најде своето достојно место во светот, води тешки спорови со сите околни земји, додека народот е се повеќе поделен. Оваа тенденција треба да престане. Промената на уставното име беше наметната откако Грција ја блокираше нашата интеграција во Европската Унија и НАТО. Но, проблемот не е во името, туку во содржината што се вложува во него. Промената на името можеше да биде избегната доколку навреме бевме преживеале катарзис и се бевме ослободиле од лагите и фалсификатите на тоталитарниот режим. Должни сме да го преживееме тој катарзиз, не за да му угодиме на некого, но пред сè да се осмислиме себе се!

Токму од таа причина Бугарскиот културен клуб-Скопје (БККС), организација која обединува македонски граѓани кои го имаат запазено своето бугарско самосознание му предлага на Собранието на Република Македонија свои решенија на амандмани за промена на Уставот.

Текст на нацрт-амандманите на Уставот на РМ предложени од БККС

Амандман: XXXIII

Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“освен в Член 36.

Амандман: XXXIV

Во преамбулата на Уставот на Република Македонија, ʺ македонскиот народ, како и граѓаните кои живеат во нејзините граници кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другитеʺ се заменува со „независно од нивното потекло, вероисповед, или национално самосознаниеʺ, по зборот Македонија се додава ʺво согласност со идеите на БМОРК (ТМОРО, ВМОРО), за политичка автономија на нашите простори ветена на Берлинскииот конгрес во 1878 година, со идеалите на Крушевската Република, со целите на ВМРО – кое по 1919 година се објавува за независна Македонска држава,  прогласот на АСНОМ, на Референдумот од 8 септември 1991 година и на Охридскиот рамковен договорʺ, а се бришат зборовите ʺодлучија даʺ. 

Амандман: XXXV

членот 3 се дополнува со точка 1.

    „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“.

 Амандман: XXXVI

1.         Републиката го штити, гарантира и негува историското и културното наследство на сите македонски граѓани.

2.         Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината.

3.         Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“.

4.         Со овој амандман се заменува членот 49 од Уставот на Република Македонија.

Амандман: XXXVII

        Во член 36 од Уставот на Република Македонија, ʺ на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државностʺ се заменува со ʺна борците, прогонуваните и затвораните за идеите за независна македонска државаʺ

Образложение на амандман XXXIV

Не можеме да прифатиме дека на нашата територија живеат делови од други народи. Во современиот свет, поимот нација значи сите граѓани, без оглед на нивната етничка припадност. Да не заборавиме дека војните од 1990-тите години се родија поради советско-југословенскиот концепт, дека народите, а не републиките се субјекти!

Идеите за автономија на територијата на Македонија датираат од Берлинскиот конгрес. Согласно член 23 од Берлинскиот Договор се создаваат Бугарските македоно-одрински револуционерни комитети (БМОРК) чиј Устав е изготвен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Ако на почетокот движењето е со бугарски етнички предзнак, со трансформирањето во ТМОРО, ВМОРО и ВМРО тоа ги обединува сите незадоволни елементи без значение на нивната етничка и верска припадност. Без прифаќање на историјата таква каква што била, нема да го постигнеме толку потребното национално помирување!

Образложение на амандман XXXVII

Според член 36 од Уставот, полноправни членови на македонскиот народ се само оние кои веруваат во теоријата за неговата самобитност. Проблемот е дека теоријата за историската самобитност на македонскиот народ била застапувана само од едната страна во Македонската граѓанска војна, која го расцепила нашето општество по Првата светска војна. Таа била застапувана од оние политички сили кои барале компромис со Југославија. Имало многу борци за слобода и независност на Македонија, кои ја гледале земјата како "Швајцарија на Балканот", која да ги гарантира правата на сите и кои го гледале основното население како дел од бугарскиот народ. Како што веќе споменавме, идеите за автономија на територијата на Македонија датираат од Берлинскиот конгрес и далеку им претходат на теоријата за "самобитноста" на македонскиот народ. Не можеме да постигнеме национална согласност, ако ги исклучиме македонските Бугари од македонскиот народ, премолчувајќи го историскиот факт дека точно тие се креаторите на идејата за автономна, а подоцна и независна Македнија.

Никогаш нема да постигнеме вистинска соработка со соседните земји ако веруваме дека тие го поделиле македонскиот народ и дека делови од овој народ живеат во странство! Должни сме да го заштититуваме секој наш граѓанин, каде и да се наоѓа во светот, но ако веруваме дека делови од нашиот народ живеат во странство - никакви тврдења дека немаме претензии кон соседите нема да ги надминат нивните сомневања кон нас.

Како и секоја држава, Република Македонија има право да гради свој идентитет, кој да ги обединува граѓаните од различно етничко потекло, со различна вероисповед и самосвест.

Промената на името е тешка загуба што ја претрпевме поради нашата неспособност да ја преосмислиме нашата историја. Ако не го сториме тоа сега, направената отстапка ниту ќе ги реши нашите проблеми со соседите, ниту ќе ни гарантира толку потребното национално помирување“.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе