По трагичната сообраќајка во Бугарија

Бугарски обвинители денеска во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите

Екипа од бугарското Државно јавно обвинителство денеска треба да пристигне во Скопје за подигање на изработените ДНК-профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа, што потоа ќе се искористат за идентификување на починатите.

Ова вчера го најави бугарскиот заменик-главен обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов, посочувајќи дека по направената анализа и споредување ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека македонските власти земале биолошки материјал од роднините на загинатите во Македонија за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција синоќа информира дека во врска со бројот на патниците, издало усна наредба до СВР Скопје за обезбедување на листите на патници кои со автобуси на „Беса транс“ ја напуштиле Македонија на 18 ноември и листите на патници кои влегле во државава на 22 ноември, информираа од Јавното обвинителство.

„Обезбедувањето на листите од граничните премини е со цел да се направи споредба на патниците, бидејќи според изјавата на обвинителот Сарафов недостасува еден патник од запалениот автобус. Истата постапка ја спроведува и бугарското Обвинителство кое ги споредува листите од граничните премини за влез на патници од Република Северна Македонија во Република Бугарија на 18.11.2021 година и листите за влез од Република Турција во Република Бугарија на 22.11.2021 година и излез од Република Бугарија кон нашата земја наредниот ден“, се наведува во соопштението Обвинителството.

Бугарскиот заменик-главен обвинител Сарафов вчера соопшти дека аутопсиите покажуваат оти сите загинати во автобуската несреќа починале од задушување, а не од ударот.

„Тоа значи дека биле живи во моментот на пожарот. Конечна проценка за причините за несреќата ќе треба да ја дадат финалните анализи, но водечка верзија во овој момент е човечка грешка како причина за несреќата“, изјави Сарафов, додавајќи дека како можни причини за несреќата се разгледани, но категорично отфрлени и верзиите за терористички акт и за „туби со нафта“.

Според Сарафов, има пат на кочење, што значи дека возачот реагирал пред да удри во заштитната ограда, но не е јасно зошто скршнал в десно и удрил во оградата.

„Било темно, и се претпоставува дека возачот се збунил со знакот за чешма. При ударот во оградата автобусот скинал девет столпчиња кои при увидот биле најдени под предниот дел на возилото, каде е сместен резервоарот за гориво. Од ударот предната врата излетала, а таму избувнал пожар, додека средната врата преку која патниците се обиделе да избегаат била блокирана од заштитната ограда. Техничкото вештачење на автобусот ќе го вршат најдобрите стручњаци, а со противпожарното вештачење ќе се утврдуваат причините за пожарот. Уште едно сеопфатно вештачење ќе даде одговор на прашањето зошто автобусот ја напуштил траекторијата на патот и како дошол до смртоносниот исход“, објасни Сарафов.

Несреќата се случи во вторникот, 23 ноември, на автопатот „Струма“, кога автобус на превозникот „Беса транс“ враќајќи се од Истанбул удри во заштитната ограда од патот и се запали.

Во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани седуммина повредени патници од автобуската несреќа, кои се во стабилна општа состојба и нема опасност по нивните животи.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе