Гаф или предизборна пропаганда

Бугарски културен центар во Македонија - лажна вест!

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева посака во Скопје да се отвори бугарски културен центар, откако можност за отворање на српски центар најави премиерот Зоран Заев. Или, таа мислеше дека треба повторно да се отвори?

„Српски јазик во училиштата и српски културен центар во Скопје е нова провокација кон Бугарија", реагираше неодамна шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева по одбележуањето на празникот на српската заедница во Македонија Свети Сава, кога премиерот Зоран Заев, честитајќи го празникот, најави отворање на српски културен центар во Скопје и воведување на српскиот јазик како изборен во училиштата.

Захариева рече дека ваквата најава од премиерот Заев ја смета за провокација против Бугарија и дека тоа е доказ за приближувањето кон Србија и за нераскинатите односи на главните партии во Македонија со оваа држава, за која таа повеќе пати кажала дека ја смета за окупатор на македонска територија.

Но, тогаш Захариева рече и дека ако се отвора српски културен центар, би сакала да види во Скопје да се отвори и бугарски културен центар.

А што е вистината?

Во Скопје постои Културно информативен центар на Република Бугарија!

Така гласи неговиот официјален наслов, отворен во 2003 година, врз база на договор меѓу владите на Македонија и Бугарија. Потпис на договорот ставиле претходникот на Захариева, Соломон Паси и тогашната министерка за култура на Република Македонија Ганка Цвветанова.

Самата Цветанова преку социјалните мрежи изрази зачуденост од оваа изјава на Захариева.

Дали се работи за гаф на често присутната во јавноста Захариева, или за нејзина недоволна информираност, што би било недопустливо за еден министер за надворешни работи? Или, можеби е толку неактивен или непосетен тој бугарски центар во Скопје што таа и заборави дека воопшто постои?

Можеби и смета дека со своите изјави ќе привлече наклонетост во политичките кругови во Брисел во однос на бугарското вето кон Македонија, со кое, ако се разгледаат аргументите за таквата одлука на Софија, јасно се гледа дека се прекршени низа на принципи врз кои е заснована заедницата на европски народи,

Или, во изборната кампања во Бугарија е сѐ дозволено, а особено се смета дека за гласачите се „лепливи" изјавите поврзани со Македонија.

Реакцијата на Захариева е со „кратки нозе", зашто има име: лажна вест.

П.Џ.

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе