По трагичната сообраќајка во Бугарија

Бугарски експерти тврдат дека автобусот на „Беса транс“ бил стар 15-20 години, репариран во Турција

Изгорениот автобус не е стар три, туку најмалку 15-20 години. Овој модел е од 2005 или 2008 година. Ако сопственикот тврди дека тој е стар три години, можно е меѓу македонските фирми да има таква пракса старите автобуси да се репарираат во Турција, изјави за бугарските медиуми Ивајло Константинов, извршен директор на Националното здружение на автобуски превозници и поранешен член на транспортната комисија од 44-от состав на Народното собрание.

„При репарирањето се менуваат старите делови, се стават нови модерни седишта... Тоа води до компромитирање на оригиналните фабрички изолации што се огноотпорни. Оваа друга изолација не се знае со какви материјали се прави. Јас тоа не можам да го тврдам, но ако некој тврди дека автобусот е стар три години, тоа не е вистина, зашто е видливо од моделот на превозото средство“, изјави Константинов.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе