По наредба на премиерот Јанев

Бугарската влада ќе испрати 25 пожарникари во Македонија

По наредба на преодниот премиер Стефан Јанев, Бугарија на Македонија ќе ѝ испрати поддршка за справување со пожарите. Како што е објавено на интернет страницата на бугарската Влада, преку механизмот за взаемна помош, во план е да се испратат 25 пожарникари, три противпожарни возила и уште две амбулантни возила кои би биле упатени кон регионите на Кочани и Делчево.

Прес-службата на бугарската Влада во соопштението додава дека вчера во телефонски разговор со неговиот македонски колега, Зоран Заев, Јанев кажал дека Бугарија е подготвена да им помогне на своите соседи со потребната поддршка за гаснење на пожарите.

Инаку, вчера Србија во Македонија испрати четири хеликоптери кои на терен гаснеа шумски пожари, а во земјава дојдоа српскиот министер Александар Вулин и српскиот помошник министер за кризни ситуации Лука Чаушиќ.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе