Софија

Бугарската министерка за регионален развој денеска ќе соопшти детали од увидот на автопатот каде загинаа 45 патници

Бугарската министерка за регионален развој Виолета Комитова денеска се очекува да ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања, каде се случи тешката автобуска несреќа, во која животот го загубија 45 македонски граѓани.

Комитова ќе објави дали сигнализацијата на автопатот Струма може да биде причина за несреќата. По трагичниот инцидент, голем број експерти рекоа дека локацијата била компромитирана бидејќи не била поправена откако била пуштена во употреба во 2007 година. Бугарската министерка пред неколку дена за БНТ изјави дека била изненаденз што многу експерти се фокусирале на патната инфраструктура, а во една сообраќајка учествуваат и возачите на возилото. Никој не ги спомна другите елементи на патот, рече Комитова.

„Полошо од пожар е експлозијата и нема време да се реагира“, рече таа, додавајќи дека модерните автобуси се опремени со системи за противпожарна заштита. Комитова посочи дека е можно поради лошо време да изгубила контрола над автобусот пред да удри во заштитната ограда. Таа видела многу несреќи на автопат, но многу ретко видела пожар. Тука има нешто многу чудно и Комитова нема објаснување - како на некој начин настанал пожарот и зошто почнал многу брзо.

Таа е сигурна дека истрагата ќе навлезе во детали и се ќе се расчисти.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе