Бугарската министерка Генчовска утре не доаѓа во Скопје, со Османи веќе се виделе во Брисел

Посетата на Скопје на шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, закажана за утре, се одложва поради нејзиното учество, како и учеството на македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи на состаноци во рамките на ЕУ и претсојниот вонреден состанок на НАТО, информира Министерството за надворешни работи. На маргините на состаноците Османи и Генчовска веќе оствариле билатерална средба, велат од МНР.

Во информацијата од МНР се вели дека шефовите на дипломатиите на двете земји вчера во Брисел присуствувале на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија што се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на ЕУ. Работниот појадок беше организиран под покровителство на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, а беше посветен на македонското европско.

Инаку, министерот Османи, минатата недела на средба со новинарите ја најави посетата на неговата колешка Генчовска на 23 и 24 март во Скопје и продолжувањето на разговорите со Бугарија за отворените политички прашања.

Османи тогаш потенцира дека уште постојат разлики, но дека се обидуваат да дојдат до решенија прифатливи за двете страни. Тој нагласи дека македонските позиции се усогласени во ставовите и во позициите со резолуцијата на Собранието на Македонија.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе