По трагичната сообраќајка во Бугарија

Бугарска министерка: Има нешто многу чудно со пожарот во македонскиот автобус

Има нешто многу чудно, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи, изјави за БНТ привремената министерка за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, која е и експерт за противпожарна заштита на објекти. Таа раскажа дека на денот на несреќата тргнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но по разговорот со премиерот Стефан Јанев, тој ја советувал да не оди.

„Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира“, додаде Комитова.

Таа посочува дека, околу нас е полно со експлозивни елементи.

„Пожарот во автобусот на „Беса транс“ зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на патот не е завршен“, појасни регионалната министерка на Бугарија.

Безбедносната ограда на патот, вели Комитова, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата. Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот „Струма“ е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.

Комитова рече дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат  фирмата, кој е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот. 

 

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе