Единствениот пратеник Македонец во албанскиот Парламент

Бугарија води агресивна политика за асимилација на Македонците во Албанија, вели Стерјовски

Бугарија води агресивна политика со обид за асимилација на Македонците во Албанија и таа е проследена со молк од Албанија, а во повеќе наврати и со нејзина помош, со цел Тирана да не биде попречена од страна на Бугарија за почеток на преговори за членство во ЕУ, вели лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стeрјовски.

Гостувајќи во емисијата „Конак“ на телевизија СОТ7, Стерјовски зборуваше токму за „напорите на Бугарија за асимилирање на Македонците во Албанија“, објави МИА. Посочи дека така било и со признавањето на непостоечкото бугарско малцинство во 2017 година, без исполнување на ниту еден критериум за постоење на едно малцинство, кога „Албанија во последен момент потклекна пред заканите на Бугарија со вето за започнување на преговорите за членство во ЕУ“.

„Според сите пописи спроведени во Албанија од создавањето на албанската држава до последниот попис, немаме ниту една личност, ниту еден изјаснет како Бугарин во регистрите на албанската држава. Во областа Преспа во 2011 година кога беше спроведен пописот и во селото Врбник во Деволската област, 100 проценти сите се изјаснети за Македонци. Немаме ниту еден Бугарин. Бугарска заедница во Албанија значи проект на Голема Бугарија. Проблемот е повеќе поврзан со Македонија. Бугарија не ја признава македонската нација. Секаде каде што има Македонци, таа тврди дека се Бугари, и сега ја шири својата пропаганда во областите каде што живее македонското малцинство, во областа Гора, Голо Брдо, во областа Пустец, во Врбник“, вели Стерјовски.

Според него, македонската заедница во Албанија нема никаква врска со Бугарија во однос на јазикот, традициите, обичаите и песните.

„Таа е компактна и е на граница со Македонија, не е на граница со Софија и нема никаква врска. Ако го погледнете фолклорот, песните, имате многу песни од времето на османлискиот период што ги пееме за ослободувањето на Македонија, нема ниту една песна за Бугарија“, нагласи Стерјовски.

Прашањето со бугарските пасоши, како што изјавил, е профитабилен бизнис кој е проширен не само во областите каде живеат Македонци, туку и во други градови во Албанија.

„Еден бугарски пасош сега чини од 15 до 20 илјади евра. Има Албанци, не Македонци, кои плаќаат од 15 до 20 илјади евра. Затоа ви кажав дека како бизнис е поисплатлив од садењето хашиш. Чини и до 20 илјади евра, еден бугарски пасош за Албанци по нацоналност. Зборувам за албански државјани кои живеат во Албанија, а не во Бугарија“, рече Стерјовски.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе